СЛУГАТА БОЖЈИ
ИВАН ФРАЊО ГНИДОВЕЦ

СЛУГАТА БОЖЈИ
ИВАН ФРАЊО ГНИДОВЕЦ

Иван Гнидовец е роден на 29. септемvри 1873 година vо с. Велики Липовец во парохијата Ајдовец (во денешнава епатхија Ново место, Словенија). Веќе следниов ден бил крстен во парохијската црква Пресвето Трјоство во Ајдовец. На 29 јануар 1880 година му починала мајкаму Јосифа и останал сираче. Истава година се запишал во прво оделение во основното едноразредно училиште во селото и следнава година го завршил. Школовањето го продолжил во основното и средното училиште /гимназијата во Ново место. На 11. февруар 1892 година му починал таткому Иван. Истава година се запишал на богословијата во Љубљана и во 1986 година ги завишил богословните студии. На 23. јули 1896 година бил ракоположен за свештеник и назначен за капелан во парохиите Идрија и Випава ( 1896- 1899).

1899 година љубљанскиот епископ Антон Бонавентура Јеглич, барал примерен свештеник, кој би го превзел водсвото на новоосновениот епатхијски Завод свети Станислав во Шент вид над Љубљана. За оваа одговорна и многу важна служба,еден измегу кандидатите бил и о. Иван Гнидовец,кој се пријавил за студии во Виена. На виенскиот универзитет од 1899 – 1904 година студирал класична филологија, словенsки и германски јазици.Сдудиите ги завршил со докторат на 19. јули 1904 година. Кога се вратил во Љубљана, бил назначен како приправник за професор во гимназијата во Крањ. На 22. септември 1905 година бил назначен за професор и прв директор на епископската гимназија во Заводот св. Станислав во Шентвид над Љубљана.

Како професор и директор бил познат како многу совестен, строг, упорен, понизен благороден и позорен кон учениците и соработниците. Во времето на Првата световна бојна во Заводот била сместена и и привремена војна болница. О. Иван Гнидовец, исто така многу се грижел за болните и ранетите војници. Упорната работа во Заводот и грижите во војната до крај го исцрпиле и умориле и донесел одлука да стане мисионер и потполно да се посвети на мисиите

На 7. деќембри 1919 година го напуштил Заводот св. Станислав и во придружба на епископот Јеглич пристапил во Мисијонерската Дружба на св. Винко Павелски-Лазаристи во Љубљана на Табор.

По завршувањето на новицијатот во Гробље при Домжале, 1921 година положил вечни ветувања и слет тоа бил назначен за заменик на деректор на богословците на Мисијонерската дружба; бил исповедник во затворот во Бегуња и људски мисијонер.

На 5. март 1923 година, бил назначен за директор на новицијатот на мисијонската Дружба во Гробле.

Во тоа време апостолскиот нунции барал примерен кандидат за епископ во Призрен.

и Скопје. Епископ Јеглич го предложил о. Иван Гнидовец. Папата ПиоХ1. на 29. октомври 1924 година го именувал за скопско- призренски епископ. На 30. ноембри 1924 година бил ракоположен за епископ во црквата Срце Исусово во Љубљана на Табор , а на 8. деќембри 1924 година бил свечено востоличен во Призрен (Косово).

По превземубањето на епархијата, веднаш се посветил на мисијонерската работа ги посетувал парохиите и верниците На 19 март на празникот св. Јосиф 1930 година го осветил зданието на малечката семинарија во Призрен .

1934 година епископскиот престол од Призрен го преселува во Скопје (Македонија). Од 1928 – 1938 година изградил цркви во: Печ, Џаковица, Приштина, Смач, Урошевац, Џаковица, Летница, Крвосерија, Злокучани, Душановац, Гусинје, Бистреница, Пештер и Дунав.

Се посветил на своите свештеници во епархијата, многу работел за нивната братска слога,меѓусобно разбирање, и за нивната духовна и интелектуална изобразба. Затоа од 1925 – 1938 година во епархијата имал 9. епархијски синоди, каде се собрале сите свештеници од епархијата. На верниците во епархијата им испратил 11. Пастирски писма; приготвил три Евхаристијски и две Мариини конгреси. Во Рим отишол пет пати и еднаш во Чикаго (УСА).

Во 1933 година тешко се разболел ,сепак оздравел ,Но од тогаш имал стални главоболки. На 10 јануар 1939 година тешко болен сам од Скопје со возот отпатувал ѕа Љубљана. Веќе следниов ден од провинцијалната куќа на лазаристите во Љубљана бил пренесен во болницата Леониште. Сега на неговото телесно страдание се придружиле и психички искушенија на оставеност и недостојност.

На ден први петок на 3. февруат 1939 година починал.

На 6. февруар 1939 година бил погребен на гробиштата Жале во Љубљана, меѓу собраќата лаѕаристи..На погребението меѓу присутните бил назочен и загребскиот архиепископ Алојзие Степинац, кој беше прогласен за блажен 1998 година.

Конгрегацијата за постапки на светци, на 15 деќембри 1977 година на љубљанскиот архиепископ Јоже Погачник му го дозволила процесот на епахијскиот постапек. Архиепископ Погачник за почеток на постапката го прогласил 8.февруари 1978 година. Постапката била завршена 1984 година. Сите документи за животните врлини биле испратени во Рим.

На 13. јануар 2005 година во Љубљана започнал процесот на епархијскиот постапек за чудесното оздравување по молбите и препораката на Гнидовец, бил заклучен на 24. јули 2006 година. Сите собрани документи на 7. август 2006 година биле предадени на Конгрегацијата за постапките на светци. Префектот на Конгрегацијата за светци на 23. јули 2007 година го потврдила правилнотo изведување на постапката.

Личната особеност на епископот Иван Фрањо Гнидовец е неговата едноставност..Напорите не му биле одповеке. Своето послание го гледал во својата апостолската работао, во молитвите и во пасторалната делатност; го водила голема горливост за спасение на душите. Од Шентвид до Скопје го красаат делата на работата, молитвите, скромноста ,служењето на Црквата и на сите луге што ги сретнал во животот (неговото епископско гесло: Се’, за сите!) Тоа е историја на подвизи и паѓања, на успеви и неуспеви, на кревања и неразбирања. Сето тоа го поднесувал животворно, делотворно, истрајно и верно. Животна цел му била, да му служим на Бога. Во неговиот живот, начела имале значение, како и волјата и верноста.Тоа го потврдувал секојдневно во практниот живот. Така со својот животен пример бил добар учител, воспитувач и пастир на луѓето. Моќна е била и неговата борба во искушенијата на верата и страданието и во се’ друго со што го побрзуваат и со големите светители во Црквата.

Епископ Гниговец многу ретко пишувал. Повеќе се оние кои зборуваат за него.На посебен начин измеѓу нив се истакнува напишаното сведоштво на неговата ученичка од Скопје Агнеза Гонџе Бојаџију, денес преподобната Мајка Тереза. На едно скомно ливче на 22. август 1974 во Рим бака напишала:

Нашиот епископ Гнидовец е светец. Сите го викавме со тоа име. Беше прав свештеник според Срцето Исусово; со кротко и понизно срце. Кога заминував во мисии за мене служеше служба Божја, ме причести, ме благослови и ми рече:

“Одете во мисии. Дадете му на Исус се’, живеете само за Негова , бидете само Негова ,само Него го љубете,само за Него се жртвувајте.Нека ви биде Исус се’ во вашиот живот.“ Уверена сум, дека моли за мене и дека имам кај него при Исуса заштитник. Мајка Тереза

Trad: o. Petar Tašev CM